Македонија
18. јуни 2023 - 19:49
Охрид очекува туристи од Европа, проблемот со одлив на туристички работници останува
Со чартер летовите од Холандија, Велика Британија и Полска, воведувањето на новите авио-линии и кружните тури, главниот туристички центар ова лето очекува голем број на туристи.Од понеделник стартува и сезонската авио-линија од Белград до Охрид. Градот веќе е исполнет со странски гости кои одмараат на брегот на езерото.
Директорoт на агенцијата за подршка и промоција на туризмот Јаневски смета дека преку заедничка соработка на туристичкиот сектор со средните и основните училишта ќе се зачува младиот готов кадар во нашата земја.
Од Агенцијата за подршка и промоција на туризмот очекуваат 3,3 милиони ноќевања ова лето а на плодна сезона се надеваат и туристичките работници од градот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
