Македонија
18. September 2023 - 12:28
Охрид ја шири туристичката понуда со нов терен за голф
Охрид ја проширува туристичката понуда со голф терен кој е единствен во земјава за привлекување што поголем број на домашни и странски туристи. Континуиран интерес има и од хотелската угостителскиот сектор со цел ова да биде уште една можност која ќе ја промовираат и нудат.
Во Охрид започнаа отворените денови за промоција на првиот голф терен на уредениот простор кај поранешната касарна спорт кој може да се практукува од 7 до 77 години и голф академијата.
Терените на површина од 3,5 хектари се изведени од Општина Охрид, а Министерството за локална самоуправа обезбеди 5,7 милиони денари за доуредување на просторот. Станува збор за нова содржина, атрактивна за туристите, но и за младите охриѓани.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
