Македонија
1. August 2023 - 12:20
Охрид го живее шпицот на туристичката сезона, градот е преполн со туристи
Охрид го живее шпицот на туристичката сезона. Градот е преполн со гости.Преку ден плажите долж Охридкото езеро се преполни а во попладневните и вечерните часови раздвижено е низ чаршијата ,кејот стариот дел од градот а место повеќе се бара и во рестораните и кафетериите.Туристите кои одмараат во главниот туристички центар уживаат во она што го нуди градот.
Овој период во градот исполнети се хотелските капацитети, а место повеќе се бара и во приватното сместување.
Угостителите задоволни од исполнетоста.
Покрај високите температури, причина плус за големата исполнетост се и бројните културни настани и манифестации, но и фестивалите и ноќните забави кои нудат програма за сечиј вкус и возраст.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
