Македонија
20. јуни 2023 - 12:26
Охрид го развива конгресниот туризам
Хотелите долж охридско-струшкото крајбрежје привлечни за конгресен туризам. По две годишна пауза поради пандемијата почнувајќи од месец април се одржаа десетици конференции, семинари и конгреси, кои ќе ги надополнат големите загуби од претходните години. Споредбено со минатото кога овој вид на туризам беше актуелен само во есенските и зимските месеци, годинава е најзастапен во пролетните месеци и на стартот на летото.
Хотелиерите велат дека како резултат на се поголемиот интерес се инвестира во градење и осовременување на конгресните сали.
Од ХОТАМ посочуваат дека и покрај дождливото време на брегот на Охридското Езеро има пораст на ноќевањата и очекуваат годинава да се надмине бројот на туристи од рекордната 2019 година.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
