Македонија
28. December 2023 - 12:22

Охрид го донесе буџетот за идната година

Агенција за обезбедување патролно и физички  ќе ги обезбедува дел од основните и сите средни училишта во Охрид. Дополнително ќе биде воведен и систем за мониторинг надзор околу училишните дворови и ходниците со средства од буџетот на општината се со една идеја да се спречи врсничкото насилство и кражбите.

Буџетот на Општина Охрид за 2024 година е проектиран на околу 1,7 милијарди денари,што е зголемување во споредба со претходната година за околу 300 милиони денари.

Во рамки на програмите предвидени се средства за уредување на градежно земјиште, образование, спорт и рекреација, културни манифестации и творештво, млади и невладини организации, комунални дејности и инфраструктурни проекти.

Во врска со одложувањето на ветените капитални проекти, Пецаков кажа дека реализацијата на патеката Охрид - Св. Стефан, реконструкцијата на плоштадот Чинар и катната гаража чекаат одобренија за градба.