-->
-->
Одличен настап на најмладите македонски кикбоксери во Унгарија – злато за Чавков, сребро за Илиев
-->
Најмладите македонски кикбокс натпреварувачи забележаа одличен настап на Hungarian Open Cup ’26 за деца и помлади кадети во Унгарија, кој се одржува во рамки на Светскиот куп.
Македонските претставници во детската конкуренција освоија два медали – еден златен и еден сребрен.
Митко Чавков се искачи на највисокото место на подиумот, освојувајќи го златниот медал во категоријата до 42 килограми.
Александар Илиев се закити со сребрен медал, исто така во категоријата до 42 килограми.
Со два освоени медали од четири настапи, најмладите македонски кикбоксери покажаа квалитет, борбеност и голем потенцијал на меѓународната сцена.
Нивниот успех е уште една потврда дека македонскиот кикбокс има талентирана генерација и светла иднина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
