Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Пред споменикот на загинатите од големиот пожар кој избувна над Струмица и притоа загинаа четири лица, а десетина беа повредени, денеска беа одбележани 14 години од овој трагичен настан.
Во пожарот животите ги загубија браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од село Рич, Војо Гркљанов од село Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица.
- Времето создава дистанца од настаните, но не и од нивното значење. Времето не може да избрише спомен за искрено херојство и жртва. Затоа, денес оддаваме почит на луѓето чии животи останаа трајно поврзани со историјата на нашата Струмица. Пожарите оставаат последици врз природата, семејствата, во заедницата и во сеќавањата. Затоа, секоја година кога се собираме на ова место потсетуваме дека со секоја несреќа секогаш сведочат човечки судбини, рече градоначалникот Петар Јанков.
Цвеќе положоја претставници на семејствата на загинатите, градоначалникот и претставници на Советот на Општината, политички партии и граѓани.
МИА
Ново на Сител
-

Родри прогласен за најдобар играч на Светското првенство 2026
-

Нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското фудбалско првенство
-

Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
-

Пред пратениците Предлог-одлуката за продолжување на кризна состојба за нафта и нафтени деривати
-

Ирански напади врз американските бази во земјите од Заливот
-

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
-

На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
-

Шпанија е светски шампион во фудбал
