Од утре нови правила на Скопскиот аеродром: Само еднаш дневно ќе може бесплатно да влезете со автомобил

Од 1 септември 2026 година стапуваат во сила нови правила за користење на зоната „Hug & Fly“ пред терминалната зграда на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти ТАВ Македонија.
Возачите и понатаму ќе можат бесплатно да застанат до 10 минути за оставање или преземање патници, но со една значајна промена – бесплатниот влез ќе биде дозволен само еднаш во период од 24 часа за секое возило.
Пристапот ќе се контролира преку систем за автоматско препознавање на регистарските таблички, со кој ќе се евидентира влегувањето на возилата.
Од ТАВ Македонија објаснуваат дека новото правило се воведува со цел да се обезбеди непречен проток на возилата и побезбеден и поедноставен пристап до терминалот, особено во периодите кога има зголемена фреквенција на патници.
За оние на кои им е потребен подолг престој, на располагање останува големиот паркинг пред терминалната зграда. Тој располага со 1.200 паркинг места за автомобили и шест места за автобуси и е достапен во секое време.
Ново на Сител
-

20 милиони денари инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
