-->
-->
Од мотор во движење пукано кон „ауди“ кое го возел 34-годишен кумановец
-->

Неколку куршуми биле испукани од огнено оружје кон автомобил во движење рано утрово на локалниот пат од кумановската населба Карпош кон селото Никуљане, општина Старо Нагоричане.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Куманово околу 02:45 часот, а пукањето се случило пет минути претходно.
Од мопед во движење, на кој се превезувале две лица, биле испукани неколку куршуми кон патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Д.Д. од Куманово.
Во инцидентот нема повредени лица.
Полициска екипа извршила увид на местото, а СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
