Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави „голем пакет мерки“ од 1 септември за, како што нагласии, „луѓето кои припаѓаат на пониската, средна класа и кои се малку посиромашни“.
„Ќе бидеме особено внимателни и ќе започнеме со иницијативата за измена на Уставот на Србија, што се однесува на неможноста извршителите во извршна постапка да им го одземат просторот за живеење, станот или куќата на луѓето кои го имаат тоа единствено место каде што живеат со своето семејство. Ова ќе донесе поголема правда и поголема безбедност за граѓаните“, рече Вучиќ во објава на Инстаграм.
Тој додаде дека државата се обидува да ги зголеми платите и пензиите над стапката на инфлација.
„Ќе се погрижиме цените на најважните производи во продавниците да бидат пониски, ќе се погрижиме кредитите да бидат поевтини, каматните стапки да бидат пониски отколку што се денес“, рече Вучиќ.
МИА
Ново на Сител
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
-

Преглед на вестите од светот
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
