Објавена е првата официјална фотографија од новата серија за Хари Потер

На првата објавена фотографија е прикажан младиот волшебник Хари Потер во училиштето Хогвортс, а веќе е промовиран и првиот трејлер за серијата.
Новата актерска постава ја предводи Доминик Меклафлин во главната улога, додека Арабела Стентон ја толкува Хермиона Грејнџер, а Аластар Стаут е во улогата на Рон Визли. Тимот е комплетиран со Ник Фрост како Хагрид, Џон Литгоу во улогата на Албус Дамблдор и Папа Есиеду како професорот Северус Снејп.
Серијата ќе овозможи детална екранизација на сите седум книги, при што секоја сезона ќе ја следи приказната на по еден роман. Авторката Џ. К. Роулинг е вклучена во проектот како извршна продуцентка со цел да се обезбеди автентичност на адаптацијата, изјави извршниот директор на „Ејч-Би-О“, Кејси Блојс.
Поддршка за новите колеги даде и Даниел Редклиф, кој го толкуваше ликот на Хари Потер во оригиналните филмови. Премиерата на првата сезона се очекува во текот на 2027 година, со ветување за досега најдетално прикажување на магичниот свет.
МИА
Ново на Сител
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
