-->
-->
Норвешката репрезентација во скијачки скокови го загуби спонзорот по манипулација со опремата
-->

Компанијата „Хелп“ објави дека го прекинува спонзорството на норвешкиот тим во скијачки скокови по признавањето на тимот за манипулација со костими на Светско првенство во Трондхајм.
На 8 март, стана познато дека норвешките ски-скокачи ги модифицирале своите одела за да ги подобрат своите аеродинамички карактеристики.
-Тажно е што норвешките ски-скокачи ја уништија довербата што ја градеа неколку сезони. Неприфатливо е да го ставаме нашето лого на дресовите на тим што изневерува, е ставот на компанијата „Хелп“.
„Help“, која ја спонзорираше норвешката репрезентација шест сезони, побара нејзиното лого да се отстрани од униформата на норвешките ски-скокачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
