Норис победи на спринтот на Големата награда на Мајами

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, вечерва победи во спринтот на трката во Формула 1 во Мајами.
Возачите завршија зад безбедносното возило, кое се појави на патеката три круга пред крајот на трката поради несреќата на Фернандо Алонсо.
Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, го освои второто место, а Луис Хамилтон (Ферари) заврши на третото место.
Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, ја помина целта на четвртото место, но падна на 17-то место поради казна од 10 секунди. Холанѓанецот беше казнет за судир со возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, во бокс-лентата.
Оскар Пјастри останува лидер во личниот пласман, со освоени 106 поени. Второто место му припаѓа на неговиот колега од Мекларен, Ландо Норис (97 поени). На третото место е Макс Верстапен (87).
Мекларен е лидер на табелата кај конструкторите со 203 бода. Мерцедес е втор (115), а Ред Бул е трет (89). Ферари е на четвртото место со 84 бода.
Вечер од 22 часот ќе се одржи квалификациската рунда за главната трка. Главната трка ќе се вози утревечер со почеток во 22 часот.
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
