Македонија
29. September 2026 - 20:54

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево

Косовскиот рапер Дон Џони дел од спотот за песната “Секси Мама” го снимал во споменикот “Македониум” во Крушево, еден од најпознатите македонски културно - историски објекти во светот. Во него се наоѓа и гробот на револуционерот Никола Карев, претседателот на Крушевската република за време на Илинденското востание во 1903 -та.

Директорот на  Историскиот музеј Крушево Миха Оџаклиески вели дека спотот е во февруари годинава, а претходно продукцијата побарала дозвола за отстапување на просторот за 500 евра.

Дали биле запознаени за каква содржина во песна се снима спот, тој тврди дека еротските сцени во кои има и кревет биле снимани на друга локација, не во “Македониумот”.

-Сцените сo кревети и играње не се снимени во “Македониумот” туку на други локации, бидејќи спотот е сниман на повеќе места во Македонија. Тие имаа доставено до нас објаснување дека просторот ќе се користи за снимање спот. Немаме точно оформена цена, се отстапува на саати, на пример околу 500 евра за 5-6 саати. Таква одлука претходно има донесено Управниот одбор, односно просторот да се отстапува, а за тоа да се наплаќа соодветна цена. Тие пари ги користиме за одржување на културно – историските објекти вклучително и “Македониумот” , вели во писмена изјава Миха Оџаклиески, директор на Историскиот музеј Крушево.

Споменикот е дело на уметниците Јордан и Искра Грабулоски, а отворен е на 2 Август 1974, на денот на 30-годишнината на заседанието на АСНОМ и 71-годишнината од Илинденското востание.

Емиментни австралиски и американски списанија од областа на архитектурата го вбоија “Македониумот” меѓу десеттe најуникатни и најинтересни градби во светот.