Муцунски: Владата е фокусирана на постепената интеграција паралелно со реформите за рамноправно членство во Унијата
Иако Македонија во овој момент ги нема патоказите што Брисел наводно ги крои за четири земји –кандидатки , власта фокусот го става на сигурно а тоа е документ кој е најавен од ЕК со кој ќе се овозможи т.н постепена интеграција. Шефот на дипломатијата во тема на денот рече дека очекува овој механизам да овозможи граѓаните и економијата да ги почувствуваат клучните бенефити од иунијата уште пред полноправното членство додека паралелно се бара трајно решение за деблокада на Европскиот пат.
„Позитивен импулс во овој процес се очекува и од претстојната посета на претседателката на ЕК фондерлајен. Од средбите со неа македонските власти очекуваат силна потврда за вклучување на земјава во втората фаза од планот за раст но и јасна порака дека Брисел останува посветен на реформскиот напредок на регионот. За остварување на тој план, Владата очекува подлабока вмешаност на Брисел. Спорд Муцунски кај европските институции и неколку влијателни земји членки веќе постои подготвеност да посредуваат и да овозџможат гаранции дека процесот ќе донесе предвидливост наместо нови и непредвидливи условувања.“, изјави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
„Mожам да потврдам дека има желба од страна на евр институции да ни помогнат да го засилиме повотрно меѓусебниот ангажман. Нашите позиции се јавни , нема дилема во овој момент нема услови за уставни измени поради начинот на кој бугарија се позиционира.“, изјави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
Додека 26 земји членки бараат единствено уставни измени Софија продолжува да поставува дополнителни барања кои главно се од историски карактер. Сепак дипломатскиот канал останува отворен. И покрај тоа што во Њујорк немало билатерална средба, Муцунски најави дека следната недела заминува во Софија каде што директно со бухарската колешка ќе го отвори прашањето за деблокада на билатералниот спор. Шефот на дипломатијата потенцира дека Владата нема да отстапи од разговорите но и дека преговорите во ниту еден момент не смеат да значат загрозување на националниот идентите.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
