Македонија
26. September 2026 - 15:07

Студентите бараат од МОН зголемување на субвенционираниот студентски оброк

Скапотијата ги принуди студентите да побараат повисок стандард. Претставници од 7 универзитети на македонски и албански се здружија во иницијативата до МОН со која бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк.

Од 140 бараат субвенцијата да изнесува 200 денари. Од УСС се децидни дека достоинствен студентски стандард според европските критериуми е можен доколку државата ги следи нивните реални потреби. 

Но храната не е единствениот проблем, за многумина кои патуваат од другите градови превозот станал луксуз, па УСС подготвува иницијатива за да се најде решение и за овој проблем. 

Во МОН со задоволство ќе ја разгледаат иницијативата, но министерката нема прецизен одговор дали е можно покачувањето на субвенцијата согласно буџетот со кој располага министерството. 

Во пресрет на новата академска година, министерката го посети Машинскиот факултет каде се одбележува Европската ноќ на истражувачите 2026 кој е на иницијатива на УКИМ, УГД-Штип и Универзитетот Климент Охридски - Битола, заедно со МАНУ, а на изложбите ќе може да се видат презентации, научно истражувачки проекти од студентите на техничките факултети.