Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
Прогласувањето на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими за воени злосторници од Судот во Хаг предизвика бурни реакции кај албанските политички партии во земјавата. Од Али Ахмети, преку Беким Сали и Африм Гаши, до лидерите на ВРЕДИ – одлуката ја оценуваат како неправедна и разочарувачка и најавуваат продолжување на правната битка пред Апелација. Социјалните мрежи преплавени со статуси за осуда на одлуката и поддршка за некогашните водачи на ОВК, а во близина на споменикот Скендербег поставен е и плакат со натпис Слобода за ослободителите
Интегративецот Али Ахмети повика на воздржаност кај Албанците од тензии и очекува продолжување на правната битка пред Апелацискиот суд.
Изјава Али Ахмети, претседател на ДУИ
Обвинението ги товарат Тачи, Красниќи, Весели и Селими со одговорност за низа наводни злосторства во текот на 1998-1999 година. Веруваме дека и овие обвиненија ќе бидат отфрлени во понатамошниот судски процес, исто како што не се материјализираа некогашните тврдења за трговија со органи. Процесот не завршува тука. Веруваме дека одбраната ќе ја продолжи правната битка пред Апелациониот суд, оспорувајќи ги наодите на првостепениот суд и барајќи правда до крај. Војната на ОВК беше војна за слобода.
За првиот човек на македонското собрание Африм Гаши, водачите на ОВК биле славниот дел од историјата на Косово и ниту една пресуда не може да го негира тоа.
За албанскиот народ, тие се и остануваат ослободители на Косово. Борбата на ОВК, жртвата и самопожртвуваноста на оние кои ја предводеа и беа нејзин дел се самиот пат што доведе до слободата на Косово и до нова ера на мир и стабилност во регионот.Денешната пресуда е првостепена, а битката за правда продолжува, пишува Гаши.
Пресудата за четворицата водачи на ОВК е казна за ослободителната борба на народот на Косово за слобода реагираат лидерите на ВРЕДИ на социјалните мрежи. Изразуваат жалење и очекуваат поништување на пресудата ....
Изречените казни се високи и неприфатливи. По долг и оспоруван процес, четворицата истакнати личности на ослободителната војна и натаму се далеку од своите семејства и од Косово. Денешната одлука е првостепена и не го затвора ова прашање. Правната битка продолжува. Очекуваме во жалбената постапка сериозно да се разгледаат аргументите на одбраната и да се исправи оваа неправда.
Политичките челници во Косово оценуваат дека високите казни се неприфатливи. Премиерот Албин Курти очекува менување на пресудата.
Пресудата можеби формално е изречена во име на народот на Косово, но оваа празна формула не треба да се меша со волјата на народот. Денешната пресуда на Специјализираните совети го отфрли најтешкото тврдење што остана во обвинението: дека ОВК извршила широк и систематски напад врз цивилно население. Владата ќе продолжи, со сите средства што ѝ стојат на располагање, да ги поддржува обвинетите во жалбената постапка, каде што очекуваме целосно исправување на оваа неправда, изјави Курти.
Поддршка за Тачи, Весели, Красниќи и Селими стигна и од Тирана.. Претседателот Бајрам Бегај изрази длабока тага и порача дека жалбата е следната правна битка, додека премиерот Еди Рама објави порака со зборот „Срамота“.
За состојбата во регионот по изрекувањето на пресудат српскиот претседател Алкесандар Вучиќ најави обраќање за јавноста за попладнево.
Првостепената пресуда може да биде обжалена, па правната битка за четворицата поранешни лидери на ОВК продолжува.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
