Македонија
14. September 2026 - 17:17

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?

Работиме напорно на деблокирање на европскиот пат на Македонија. Евроамбасадорот Михаилис Рокас одговорајаќи на новинарско прашање објави дека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во наредните две до три недели ќе го посети Западен Балкан, а со тоа и Скопје и очекува дека токму таа посета би можела да биде одлучувачка.

„Во изминатите неколку месеци сите работиме напорно за да се случи тоа. Се надевам дека наскоро ќе имаме регионална посета од претседателката на Европската комисија. Таа би требало да се реализира во следните две до три недели и навистина се надевам дека ќе биде одлучувачки чекор кон започнување на пристапните преговори со Европската Унија“, изјави Рокас.

Прашан за можноста за уставни иземни со одлежно дејство како можно решение за деблокада на евроинтегративниот пат на Македонија, Рокас не сакаше да коментира за какви решенија се разговара. 

Посетата на Фон дер лајен доаѓа во период кога европските интеграции повторно стануваат фокус во јавноста. Уставните измени договорени со Францускиот предлог и натаму се пречка за отворање на првиот кластер од преговорите. Фон дер Лајен е третиот висок европски дипломат кој доаѓа во Скопје во само неколку месеци. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта при посетата на Скопје во јуни порача дека уставните измени остануваат услов за формално отворање на преговарачките поглавја.

Еден месец претходно, еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во Скопје беше на разговори за реформската агенда и идеите за постепена интеграција во Европската Унија.