Македонија
12. September 2026 - 18:29

Новата когенеративна централа треба да го поевтини парното греење

Понисика цена на парното греење и помало загадување ќе донесе новата когенеративна централа, која  произведуаа и електрична енергија и топлина за загревање на  домаќинствата и компаниите. Инвеститорот кој ја купи поранешната топлана Скопје Север, вложи 2,5 милиони евра за модернизација на капацитетот.

Топлинската енергија  ќе влезе  во пресметките на Регулторна за одредување на цената на парното греење, додека пак, за произведенета струја инвестоторот сам ќе одлучува дали да ја продава на слободниот пазар – каде цените се над тројно повисоки во моментов, или пак ќе ја понуди дома.

Во време на зголемена незивесност на глобалниот пазар и можноста од нова енерегтска криза, инвестициите за секој мегават домашно прозводство, значат постабилен енерегтетски систем, вели ресорната министерка Божиновска.

Со вакви инвестиции и домашните компании покажуваат дека можат да бидат во чекор со големите светски трендови, задоволон е вицепремиерот Николоски, кој вети поддршка за сите инвестиции кои вложуваат во зелената транзиција.

-Се надевам дека нема да застане тука и дека ќе има и нови инвестиции и дека ќе гледаме и нови постројки, а ние како Министерство за транспорт ќе продолжиме да ги поддржуваме овие инвестиции и во најбрз можен период да ги завршуваме сите административни процедури, како и можност да имаме уште повеќе вакви инвестиции, затоа што зелената транзиција е она што ѝ е потребно на државата, вели Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт.

Инвесторот вели дека ова е само прва фаза. За следната најави уште поголема инвестиција

-Новата инвестиција ќе биде во нова когенеративна централа, каде ќе вложиме 10 милиони евра, вели Ајри Шеј, соптвенк на Теса Енерџи.

Инаку ова е втора когенеративна централа во  Скопјје. Капацитетот  за снабдување со парно  греење е 500 домаќинства од  населбите Чаир и Бутел.