Loading Video...
Свет
9. September 2026 - 16:29

Преглед на вестите од светот

Србија на 25 октомври оди на предвремени парламентрани избори објави претседателот Вучиќ , потпишувајки ги  указот за распуштање на Народното собрание и  одлуката  за распишување вонредени избори. Во обракањето до  граѓаните, оцени дека  изборите се неопходни за граѓаните јасно да го одредат патот по кој земјата ќе продолжи да се движи.  

Им посакувам на сите граѓани на Србија добро здравје, демократска, мирна и успешна кампања. Да живее Србија!“, Александар Вучиќ, претседател на Србија.

На изборите Вуќик ќе се кандидира за премиер, како кандидат на владејачката Српска напредна странка. Внатрешнополитичката криза во Србија е резулат на повеќемесечни антивладини протесгти предводени од студентското движење а поттикнати од  смртта на 16 лица при падот на настрешницата на жечезничката станица во Нови САД. Демонстрантите ги обвинија властите за корупција и небрежност за време на реновирањето на станицата.  Редовните парламентарни избори беа предвидени за 27 декември 2027 година.

Иранската револуционерна гарда објави дека нејзините воздухиполни сили рано утрово со ракети  нападнале американската база Ал Азрак во Јордан,  некочку часа откако Соединиетите Држави  уништија  пет ирански танкери   за нафта во Оманскиот залив. Државниот секретар на САД ја опиша операција како одговор на неодамнешните ирански напади врз американски воен брод.

„Размената е прилично едноставна, а тоа е дека Иран продолжува да се обидува да ги погоди американските воени бродови. И, секој пат кога ќе го направат тоа или ќе се обидат да го направат тоа, ќе изгубат танкери. И мислам дека ќе го видите тоа повторно денес.“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД. 

Иранските сили, во мегуврме соопштија дека заробиле американски  беспилотен подводен брод на влезот на Ормутскиот тенсец, опишувајки го како еден од најмодерните и најпаметните подводни системи  на сАД, опремен со врна технолија за извидување и мапирање на морското дно.  

Словенија е погодена од невреме со силен ветер и дожд. Невремето најпрво го заафти западниот дел а потоа се прошири кон Љубљана каде што ветрот со налети кои достигнаа до 103 километри на час откорна  покриви на станбени згарди и собори дрвја врз автомобили и патиштата.  Делови од земјата останаа без електрична енергија. Засега нема извештаи за повреднеи.  Геолошкиот завод на Словенија предупредува дека поради прогнозата за пообилни дождови вечерва  и утре, ризикот од лизгање на земјиштетот е  зголемен, особено во областа на југозапдна и западна Словенија.