Преглед на вестите од светот
Украина ги засилува нападите со бепсилотни летала длабоко на територијата на Русија. Рускиот воздушен простор станува опасен предупреди Зеленски и ги посеветува меѓународните авиокомании и осигурителни куќи да го земат предвид ризикот.
-Сакаме да го предупредиме сите авиокомпании што го користат рускиот воздушен простор, секој осигурител и сите што продолжуваат да ги користат клучните руски аеродроми; руксиот воздушен простор станува целосно небезбеден. Украина не ја загрозува цивилната авијација како таква, ниту кој било цивилен авион. Едноставно, ќе има беспилотни летала во рускиот воздушен простор и ова мора да се земе предвид. Рускиот воздушен простор де факто ќе се затвори: војната што ја почна Русија го затвора сопственото небо, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Реагирајќи на изјавата на Зеленски, Путин порача дека Москва ќе ги прекине сите мировни контакти со Киев и ќе возврати жестоко доколку украинските дронови предизвикаат несреќа во цивилниот сообраќај.
-Тоа се граничи со државен тероризам. Исто така, го привлекувам вашето внимание на фактот дека тие нè замолуваат да ги продолжиме разговорите со нив, да се сретнеме лично со нив. Па, не може да има разговори со терористи. Ако, не дај Боже, се случат овие трагедии, ќе најдеме начин да одговориме. Да нема сомнение за тоа, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Иранската војска рано утрово истрела балистички ракети врз американски бази во Ирак, Јордан, Кувајт и Бахреин. Ова доаѓа откакако Вашингтотн синока повторно нападна цели во Иран а во еден од ударите како што соопшти иранската војска била погодена куќа каде што се одржувала свадба. Загинале пет лица, вклучувајки едно дете.
-Во името на Бога, терористичката и убивачка на деца армија на САД, по низа последователни неуспеси во наметнатата војна против Исламската Република Иран и поразите од рацете на иранскиот народ, изврши варварски воздушни напади и бомбардирања врз некои воени и невоени локации во јужен Иран, при што загинаа голем број невини цивили.
Американската војска тврди дека погодила цели на Иранската револуционерна гарда, вклучително радари, системи за воздушна одбрана и поморски објекти. САД и Иран во понеделникот ги обновија воените напади по пауза од еден месец. Мировните преговори се во застој поради несогласувањата околу имплементацијата на претходно постигнатиот меморандум.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
