Летните сцени ја збогатуваат понудата
Летните сцени и новите културни содржини ја збогатуваат понудата во Охрид, претворајќи го градот во главен музички и културен центар во текот на летната сезона. Дел од бројните настани се организираат на автентични локации, со што дополнително се нагласува нивната симболика и значење.
Охрид е жива сцена насекаде а овој период актулени се и улучните музичари кои ја секоја уличка ја претвараат во театар на отворено за кои општината во иднина ќе создаде посебна програма.
Инаку општина Охрид преку програмата за култура и годинава посебен акцент става на оние традиционални манифестации коишто се одржуваат години наназад, но и воведува нови содржини коишто во иднина треба да ја збогатат туристичката, односно културната понуда на градот.
Со поддршка на општина Охрид реализирани се преку 350 настани.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
