Loading Video...
Свет
28. August 2026 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Бројот на жртви во Непал се искачи на 547, соопштија непалските власти, откако ненадејните поплави во среда го опустошија хималајскиот граничен регион.   

Кинеските официјални лица велат дека операциите за пребарување и спасување достигнаа „критична фаза“, бидејќи езерото покриено од свлечиште почна да се излева од своето корито.

Непалската  војска утрово  спаси 350 од 450 луѓе заробени во тунел. Војнициите вложуваат максимални напори за да ги извлечат и преостанатите заробени, соопшти канцеларијата на премиерот на Непал. 

Од таму соопштија дека земјата засега не планира да прифати странски спасувачки тимови. Повеке од 1000 луѓе се уште се водат за исечзнати во Непал и во Тибет.  

По смртта на Харалд Петти, неговиот 53-годишен син Хокон од денеска е нов крал на Норвешка. 

Ќе владеее под името Хокон 8. Харалд 5 почина утрово во болница во Осло, откако  минатата недела беше хоспитализиран поради бактериска инфекција на крвта. 

По 35 години на престолот, тој ќе остане запаметен како популарна личност која спроведе реформи и ја модернизираше монархијата, ја прекрши традицијата со тоа што се ожени со жена што не потекнува од кралско семејство и служеше како обединувачка фигура во најтешките времиња за Норвешка.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го преименува Езерото Онтарио во „Езеро Америка“, со што го ескалираше спорот со Канада кој веќе предизвика царини за прекугранична трговија вредна десетици милијарди долари. 

Езерото Онтарио е едно од петте Големи езера во Северна Америка и се наоѓа помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк.

Извршната наредба на Трамп за Езерото Онтарио, се однесува на американската федерална употреба на името и не одредува како Канада, меѓународните тела или други организации ќе го нарекуваат езерото.  

Во рок од неколку часа по изјавата на Трамп, премиерот на Канада и гувернерката на сојузната држава Њујорк изјавија дека нема да го менуваат името, кое е старо повеќе од 400 години. Според Карни, името на езерото е постаро и од Канада и од Соединетите Американски Држави како држави.