Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
Шефовите на македонската дипломатска мрежа ги добија трите приоритети во јакнењето на државните позиции во меѓународните односи. На состанокот на Амбсадорскиот Совет во Скопје, добија задача да ги заштитат националните интереси во комуникацијата со земјите во кои се испратени на мисија, да ја зајакнат економската дипломатија и да се обезбедат подобри услуги за граѓаните во странство.
Сепак членството во ЕУ останува стратешки приоритет, дециден е шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.
Државните позиции и црвени линии за македонската интеграција се јасни и усогласени, вели првиот човек на владата. Иако е подготвен за разговори со бугарската страна, Мицкоски очекува официјална Софија да ги почитува правата на македонското малцинство, како што македонскиот Устав ги гарантира основните човекови права за сите, па и за бугарите во земјава.
Дипломатската мрежа за прв пат по 2019-та година физички се собра во Скопје. Речиси сите испратени амбасадори на мисија и генерални конзули одговорија на повикот на МНР, а во рамките на Советот имаа директна координација со претседателката на државата, премиерот и со претседателот на Собранието со што се исцртани јасни позиции за сериозен државен пристап.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
