Македонија
16. August 2026 - 16:38

Европа бара свои суровини, Македонија се уште чека на нови рударски инвестиции

Европа ја забрзува трката за сопствени суровини за да ја намали зависноста од трети земји, но, во исто време почитувајќи ги строгите еколошките стандарди за производство.. Научни проценки, континуиран мониторинг, финансиски гаранции и задолжителна обнова на природата остануваат услов за секој нов ископ..

Со цел да ги задоволи потребите за зелената транзиција и одбраната, Европската Комисија подготвува финансиска помош за десетици нови проекти, а интересот е огромен..

Наскоро се очекува Брисел да ги објави резултатите од вториот повик за финансиска помош за рударските проекти на кој биле поднесени 160 апликации.. Над половина пристигнале од земји-членки на Европската унија и шеесетина од трети држави.. Најголем дел од нив се за материјали потребни за батерии, ретки земни елементи и одбранбениот сектор..

Големиот број на апликации ја покажува важноста на Директивата за критични суровини, за обезбедување јасност за промоторите на проекти, потенцијалните инвеститори, индустријата и земјите-членки.. За индустријата, овие проекти ќе помогнат во диверзификацијата на снабдувањето и изградбата на синџир во согласност со целите на Директивата, обезбедувајќи безбеден пристап до материјали неопходни за стратешките енергетски, дигитални и одбранбени сектори.. Ова е камен-темелник на економската безбедност и долгорочната стратешка автономија на Европа“, соопшти Европската комисија..

Праксата покажува дека земјите со највисоки еколошки перформанси во светот се и лидери во ископот.. Во Шведска активно работат 13 рудници, Финска е европски центар за злато, кобалт и никел, додека во австриската покраина Салцбург, во срцето на Алпите, работи рудник со најсовремена технологија за волфрам. Шпанска Андалузија, пак, учествува со дури 90 проценти во металското рударство во земјата и е втор производител на бакар во ЕУ.

За разлика од Европа каде ЕИБ отвора нови фондови, во Македонија инвестициите во овој сектор заостануваат.. Единствената актуелна инвестиција за ископ на бакар, „Иловица-Штука“, претрпе ревизија заштита на животната средина. Од компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ соопштија дека во процесот нема да се користат цијанид ниту сулфурна киселина.. Проектот предвидува животен век на рудникот од 23 години и годишно производство од над 16 илјади тони бакар, по што ќе следи целосна демонтажа на постројката и обновување на на теренот. За таквите еколошки обврски и пошумување, предвидено е да се инвестираат 30 милиони евра..