Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
Новиот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ не е задоволен од резултатите кои во моментов се испорачуваат од општинската администрација. Според него проблематично е и што голем дел од општините се соочуваат со недостиг на кадар. Решение гледа во стартот на проектот „Месеци на практиканство“ , со кој во следните два месеца 60 студенти ќе имаат можност да стекнат практично искуство во своите матични општини. Досега околу 40 општини пројавиле интерес за проектот.
Во проектот се вклучени студенти од државните универзитети, а според Агенцијата за иновации планот е следната година да биде зголемен бројот на студенти кои ќе бидат дел од проектот.
Во моментов според ресорното министерство, општините има најголем недостиг на правници, економисти, архитекти, па не се исклучува можноста по завршување на обуките дел од нив да добијат и вработување во општините. Финансирањето ќе се реализира преку ресурсниот центар на Министерството за локална самоуправа.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
