Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
Две млади лица биле спасени од водите на Охридското Езеро откако поради нагло влошување на временските услови не можеле да се вратат на брегот, тие со СУП даските на околу 1.000 метри одалечени од авто-камп во Охрид, со извикување барале помош.
Случајот бил пријавен вчера околу 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Со полициски чамци, лицата биле безбедно извлечени од водата. Станува збор за 19 и 18 годишни лица, двете од Охрид, кои поради силниот ветер и големите бранови биле однесени подалеку од брегот и не можеле самостојно да се вратат.
По спасувањето, тие биле пренесени во просториите на езерската полиција.
Од СВР Охрид посочуваат капачите и корисници на СУП даски и педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони.
Интензивирање на мерките и санкциите во водите на охридското езеро најавија од охридската полиција. Неодамна при редовните контроли затекнати биле и лица кои управуваат пловила под дејство на алкохол.
Езерската полиција апелира до капачите, да ги почитуваат насоките од надлежните службии препораките за безбедност.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
