Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т Арена“. Покрај визуелното разубавување, менаџментот на Телеком најави бројни придобивки за посетителите. За почеток, корисниците ќе добијат 20% попуст за сите музички, спортски и културни настани кои ќе се одржуваат во овој центар.
- Преку програмата Magenta Moments, корисниците ќе добијат 20% попуст за користење на капацитетите коишто ги нуди СЦ „Борис Трајковски“, како и разни промоции, така што корисниците ќе имаат некои привилегии. Овде има и различни зони и таканатака, изјави Горан Марковиќ, главен извршен директор на Телеком
Покрај препознатливиот бренд во магента боја, Телеком ќе обезбеди и финансисика подршка за одржување на арената. Со тоа, ќе се подобрат условите за функционирање на центарот и ќе се привлечат повеќе настани.
- Почнавме со нов инвестициски циклус за зајакнување и проширување на капацитетите, а планираме и новитети коишто ќе бидат од големо значење за сите посетители. Особено ми е драго што „Т Арена“ ќе продолжи да го гради својот статус во најголемиот спортски центар во земјата којшто е дом на речиси сите спортски селекции, како и место каде што се одржуваат најголемите концерти и културни манифестации - изјави Данијел Апостолоски, директор на СЦ „Борис Трајковски“.
Почетокот на новата сезона во Т арената ќе биде одбелажан со голем музички настан за граѓаните, кој ќе се одржи на 2 септември, по повод јубилејот - 35 години независна Македонија.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
