Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
По смирувањето на акутната фаза од епидемијата во Гостивар, здравствените власти воведуваат засилен надзор за да се спречи појава на заразна жолтица. Алармираат до матичните лекари и здравствените установи во Гостивар да се стави фокус на рано детектирање на симптомите кај граѓаните, а уверуваат дека се подготвени и за брзо тестирање и соодветен третман.
До сега не дошол пациент со симптоми на жолтица, вели д-р Анета Кироска од Гостивар. Апелира да се почитуваат препораките, да се мијат раце, да се одржува хигиена за да се спречи појавата по епидемијата. Вели намален е бројот на пациенти со симптоми на дијареа и повраќање, но тестовите кај најголемиот дел од нив покажуваат дека е присутна бактеријата ешерихија коли, а кај дел се присутни и паразити. Лекарска помош барале и деца и возрасни.
Последните податоци говорат дека има 109 нови прегледи во здравствените установи во Гостивар, а изминативе денови бројката на пациенти кои побарале помош од се движи од 80 до 125 пациенти. Ќе се прават анкети да се утврди колку од нив се поврзани со епидемијата која владее во градот.
Паралелно, здравствените власти стартуваат втора фаза која ќе опфаќа детална контрола, кој имал информации и како реагирал системот со справувањето на епидемијата.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
