Loading Video...
Свет
25. July 2026 - 16:51

Преглед на вестите од светот

Франција евакираше над 140 000 лица поради шумските пожари кои се надвор од контрола. Огнената стихија се приближува кон градот Бордо, а предградијата се веќе испразнети, додека 40 000 жители и туристи се евакуирани и од полуостровот Кап Фере. Во борбата со пожарите француските власти ангажираат и 1000 припадници на војската.

„Тука воспоставивме услови за сместување на секој што е во ситуација каде што морал да ги напушти своите домови. Го активиравме овој систем пред повеќе од два дена, првично за туристите кои беа во Леж-Кап-Ферет, а оттогаш го користиме истиот систем за сите жители на метрополитенската област погодени од евакуацијата. Како што знаете, ова во крајна линија се однесува на многу голем број луѓе, веројатно околу 90.000. Денес, овој систем е домаќин на помеѓу 5.000 и 6.000 луѓе, сите со многу различни ситуации со кои мора да се справиме. Како што веројатно сте виделе, има работоспособни поединци и семејства, но и луѓе на кои им е потребна медицинска нега“, вели Томас Казенав, градоначалник на Бордо. 

Ситуацијата е подеднакво драматична и во Шпанија, каде што повеќе од 60.000 лица се евакуирани или изолирани поради пожари во регионот на Мадрид и покраината Авила. Шпанија прогласи вонредна состојба, во околината на Мадрид отворени се 14 прифатни центри, а затворени се и голем број патишта. Државата го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, по што во текот на денот очекува помош од повеќе европски држави. 

„Денес се очекува да пристигнат ресурси од Грција, а исто така и од Италија, покрај барањето што беше прифатено од, секако, Европскиот механизам за цивилна заштита, за распоредување на повеќе од 100 лица од португалската армија за да помогнат во справувањето со шумскиот пожар во покраината Авила“, вели шпанскиот премиер Педро Санчез

Растат тензиите на Блискиот Исток, откако Саудиска Арабија нападна цели во Јемен, а Хутите веднаш се одмаздија со рактени напади врз Саудиска Арабија.

Во Ормутскиот теснец пак САД нападнаа танкер кој се обидувал да ја избегне американската блокада врз иранските пристаништа. Трамп потврдува дека САД и Иран се во преговори за прекин на конфликтот, но смета дека Техеран сè уште не е подготвен за договор.

„Разговараме со нив. Мислам дека се сериозни. Мислам... тие се убедливо најсериозните што сме ги виделе, но тоа не значи дека ќе стигнеме до таму. Ќе видиме што ќе се случи. Но, јас секогаш ја претпочитам таа алтернатива“, рече Трамп во изјава за новинарите во Белата куќа. 

Иран повторно изврши напади со ракети и дронови врз Бахреин и Јордан, а Техеран тврди дека целите биле американски воени бази. Иранскиот министер за надворешни работи, Аракчи порача – не се плашиме од никој. 

„Не се плашиме ниту од закани, ниту ќе подлегнеме на тежината на притисоците, ниту ќе толерираме неточен јазик. Имаме принципиелна политика и ќе продолжиме со оваа наша принципиелна политика. Зачувувањето на интересите на народот на Иран, зачувувањето на правата на народот на Иран и зачувувањето на правата на Иран во Ормутскиот теснец и регионот на Персискиот Залив се меѓу нашите принципи и цели. Ние се стремиме кон нив и не се плашиме од никого, ниту се повлекуваме од каква било закана, сè додека не ги оствариме нашите цели и не ги исполниме законските барања на народот на Иран. Природно е да го продолжиме нашето движење, изјави Абас Аракчи.

Со црвена капа со натпис „Трамп 2028“, американскиот претседател на шега објави намера повторно да се кандидира. Ова ја одбележа повторената вечера за известувачите од Белата куќа откако првичната во април беше прекината по обидот за напад врз Трамп  

„Сите заедно се справуваме добро. Затоа вечерва, сакам да покажам колку ми е грижа за печатот. И, сакам да ги зачувам вашите рејтинзи. Со задоволство ја објавувам мојата намера, а ова е еден вид „шоу“ - Мојата намера да се кандидирам за четврти мандат како претседател на Соединетите Американски Држави. Ќе го направам тоа. Ќе имам официјален. Всушност, мислам дека сум. Да, победив, победив три пати. Сега ќе го направам тоа повторно“, рече Трамп