Loading Video...
Македонија
12. July 2026 - 16:38

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо

Македонија нема да ја води истрагата за инцидентот што се случи во авионот на Рајанер, иако се случи над македонскиот воздушен простор. Од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти информираа дека американците ќе ја предводат истрагата, односно националниот одбор за безбедност во транспортот на САД. Во истрагата предводена од нив ќе учествуваат и преставници од македонскиот комитет, информираше претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски. 

Бидејќи станува збор за американски Боинг, истражниот радар автоматски се сели во САД. Сепак, протоколот во вакви случаи налага да се вклучат сите страни, вели капетанот на владиниот авион и долгогодишен пилот, Емил Гергиев. 

Сопругата на патникот од Србија кој се здоби во повреди откако се скрши прозорецот на авионот и со пола тело беше надвор од авионот, за грчките медиуми сведочеше за сериозноста на инцидентот. 

Една од предностите е што патникот бил врзан со безбедносниот појас, вели пилотот Георгиев, но прозорецот е мал не би можел да излета од него. Сепак темпратурите се ниски на таа височина, при што патникот пртрпел и премрзнатини. 

Истрагата треба да ја утврди точната хронологија на настаните при летот од Солун до Меминген во четвртокот. Фокусот е ставен на лоцирање на првичниот дефект на моторот, начинот на кој се одвоил оштетениот дел, како и причините кои доведоа до пробивање на трупот и кршење на прозорецот во патничката кабина.За таа цел, експертите ќе ги анализираат записите од црните кутии, аудио снимките од комуникацијата на екипажот, како и комплетната техничка историја за одржување на леталото. 

61 годишниот српски државјанин е надвор од животна опасност, во болница во Солун.