Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
Ресорите животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците се дел од колачот кој ќе го добие ВРЕДИ со владината реконструкција тврди вицепремиерот Беким Сали.
На двегодишнината од функционирањето на владата Сали тврди дека во ресорите правда и култура кои ќе бидат раководени од нивни кадри, ќе дојдат нови имиња, а во останатите остануваат актуелните министри. Според нив, здравство нема да биде веќе нивен ресор.
Без да откриваат детали кои понуди се на преговарачката маса од ЗНАМ пак тврдат дека нивните ресори остануваат. Димитриевски убедува дека владината коалиција е стабилна иако се прекројува владиниот состав.
Смени ќе има и во редовите на ВМРО ДПМНЕ но детали не се откриваат. На ниво на шпекулации се информациите дека правда, здравство, култура, образование, земјоделие, политички систем, спорт се ресорите кои би трпеле смена на министри, но не се исклучуваат и други кадровски промени. Смени се најавуваат и во пониските ешалони.
Додека владините партнери го кројат новиот состав опозициските партии обвинуваат за неспособно водење на државата.СДСМ велат
-Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, бидејќи ЗНАМ повеќе не постои ниту во анкетите, ниту во гласови.
ДУИ пак гои нарече ВРЕДИ „ништо“ во владината коалиција, бидејќи нема резултати од ветувањата.
Конечна одлука кој ресор во чии раце ќе биде распределен ќе биде познато во вторник кога мандатарот Мицкоски ќе го соопшти исходот од владината реконструкција.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
