Топлотен бран ја зафати Македонија
Речиси 40 степени, врел асфалт и празни улици. Граѓаните спас од жештините бараат под сенка, во климатизирани простории и со шише вода во рака. Скопските коловози скоро и празни, некој изглегол само да си заврши неопходна обврска.
Но, токму во деновите кога секое место за разладување е добредојдено, дел од градските фонтани се без вода, а голем дел јавните чешми не се во функција. Наместо освежување – сува слика среде топлотен бран.
Оваа градска фонтана вообичаено треба да биде место каде што граѓаните коишто минуваат покрај кејот ќе се разладат, меѓутоа наместо да биде полна со вода таа е полна со отпад. Ваквата слика го отвора прашањето дали властите се подготвени да се справат со топлотниот бран којшто ја зафати Македонија?
Граѓаните бараат од градот, да ги пуштат во фунцкија. За Сител велат дека има многу искршени, нефункционални кои само се полни со отпад, пајажини и ја грдат сликата на градот.
Полни се и болниците. На Неврологија скоро и да нема празни мести места. Само изминатиот викенд, дневно биле донесени над 30 пациенти, најчесто поради колабирање.
Најголемо внимание на горештините треба да посветат хронично болните.
Високите температури не им одат в прилог и на пожарникарите. Денеска избувнале осум пожари на отворен простор. Веќе од следниот месец стапува на сила и забраната за движење во шуми.
Топлотниот бран се очекува да трае до 1 јули, а потоа и благ пад на температурите.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
