Loading Video...
Македонија
26. јуни 2026 - 16:30

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен

Втор ден молк од општина Тетово по одлуката за воведување т.н. женски термини за капење во градскиот базен. Општината ниту денеска не одговори дали жените ќе имаат право да се капат со мажите во другите термини, како и колку граѓани побарале вакво нешто.

Одлуката предвидува жените и девојките да го користат базенот секоја среда и сабота од 08:30 до пладне.

Од Комисијата за заштита од диксриминација за Сител велат дека го следат случајот и дека и тие ќе бараат одговори од општината.

Базенот е јавен, направен од државни пари и поради тоа не смее да има сегрегација по ниедна основа. Но од Комисијата велат дека прво треба да се утврдат причините за ваквата одлука.

Базенот во текот на школската година се користи за потребите на учениците, но за време на летниот распуст е ставен на располагање за сите граѓани.