Loading Video...
Свет
25. јуни 2026 - 16:32

Два последователни земјотреси во Венецуела – голем број загинати и повредени, бројките растат секоја минута

Само за 39 секунди животот на илјадници се промени засекогаш. Два силни последователни земјотреси ја погодија Венецуела и предизвикаа вистински хорор. Првиот со магнитуда 7,5, а само 39 секунди подоцна нов од 7,2 по Рихтер.

Двата силни земјотреси ја претворија секојдневната рутина во хорор – урнати згради и непрекината потрага по преживеани.

Земјотресот зад себе остави над 160 мртви и стотици повредени, а бројките постојатно растат. Американскиот геолошки иститут направил проценка дека бројот на жртви би можело да надмине 10.000, затоа што илјадници луѓе се уште се водат како исчезнати а многу згради се урнати.

Снимките сведочат за драматичните моменти кога земјата се тресела. Хоророт се случил 18.05 часот по венецуелско локално време.

Франко Родригес е еден од преживеаните. Во моментот на земјотресот тој се наоѓал во трговски центар кој претрпел сериозно оштетување. Раскажува дека првите секунди од хаосот биле исполнети со шок и неизвесност од нареден.

„Ги имав ставено слушалките, слушав музика и одеднаш луѓето замрзнаа, не можевме ништо да почувствуваме. Беше како моментална состојба на шок која траеше околу пет секунди. Изгледаше како некои луѓе веќе да добиле аларми за предупредување и не знаеја што се случува, не можевме да го почувствуваме земјотресот. Веднаш по тоа го почувствувавме потресот и побрзавме, не со паника како за итен случај, туку брзо кон излезната врата“, ијзави Франко Родригес, стилист во молот во Канкуз .

Земјотресот имал епицентар во близина на Капурано, на североистокот на Венецуела, но силно бил почувствуван и во Каракас, каде што се пријавени значителни материјални штети и човечки жртви.

Во текот на ноќта жителите на Каракас ги поминале часовите на улица, стравувајќи од нови потреси.

Токму во оваа област во вечерните часови човек со мегафон ги информираше соседите за првите последици од најлошиот земјотрес  каков што Венецуела не памети од 1967 година. Тоа беше Густаво Дуке, градоначалник на една од општините во Каракас, која беше најтешко погодена.

Спасувачките служби сè уште ги пребаруваат урнатините. Срушени се цели згради, куќи, трговски центри. А цела ноќ се слушале гласови на луѓето кои останел заглавени. Безбедносните служби и техничкиот персонал вложуваат огромни напори за отстранување на тешките бетонски блокови. Додека очајната потрага по преживеани продолжува, надлежните ја утврдуваат штетата.

Во Венецуела е прогласена вонредна состојба.

Сочувство изразија светските лидери. Државниот секретар Марк Рубио соопшти дека американските тимови за потрага и спасување се распоредуваат во Венецуела по смртоносниот земјотрес.

Подготвеност да испратат помош изразија и латиноамериканските држави. Дел од нив веќе испраќаат помош во форма на спасувачки тимови и медицински персонал, лекови и основи залихи. Помош испраќа и Кина.

„Веруваме дека под водство на венецуелската влада, венецуелскиот народ сигурно ќе ја надмине катастрофата и ќе ги обнови своите домови во најкраток можен рок. Кина е подготвена да и помогне на Венецуела во рамките на своите можности, во согласност со потребите на Венецуела“, изјави кинескиот министер за надворешни работи.

Силен земјотрес од 7,2 степени ја стресе и Јапонија, но не се пријавени штети и човечки жртви. Отакажана е само наставата во училиштата, а децата безбедно се вратени во своите домови.