Македонија
14. јуни 2026 - 16:34

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по повеќе од две децении на чело на партијата, најави повлекување од претседателската функција.. Во говор на партиски состанок во Куманово, без да прецизира кога би ја напуштил лидерската позиција, Ахмети порачал дека нема намера засекогаш да биде претседател и дека својот ангажман сака да го продолжи во редовите на партиските ветерани..

Политичките аналитичари оценуваат дека најавата за повлекување, до следнтите парламантарни, нема да се реализира.. Според Сефер Селими, станувало збор за подготовка на терен за процесот за избор на наследик на Ахмети..

„Нема одеднаш да се повлече, не верувам дека неговата моќ одеднаш ќе ослабе откако он би се повлекол од местото претседател на ДУИ. Сепак тоа е негова партија која на некој начин сите овие 22-3 години откако постои е поврзана премногу со неговиот лик и неговата неговото дело. Така да очекувам дека он ќе остане и откако ќе биде повлечен, ќе остане еден од највлијателните луѓе во ДУИ“, изјави Сефер Селими, Политички аналитичар.

Од друга страна, Петар Арсовски, вели, најавата на Ахмети е повеќе тактичка отколку дефинитивна..

„Точно е дека ДУИ е под притисок дека треба нешто да смени за да повторно стане привлечен за гласачите, но мислам дека тој процес нема да оди толку брзо, имајќи предвид дека досега Ахмети тврдеше дека сака да ја заврши својата политичка дејност, па потоа дури да оди во пензија. Но, ако тоа се случи, најголемиот предизвик ќе биде за самата ДУИ да најдат нов функционален систем на работа и нова хиерархиска структура“, вели, Петар Арсовски, политички аналитичар.

И двајцата аналитичари сметаат дека заминувањето на Ахмети ќе донесе внатре партиски предизвици.. Не исклучуваат раскол помеѓу фракциите во ДУИ..

„Таму има големи фракции, има големи ограноци кои секако дека имаат амбиција да го наследат господинот Ахмети, но тоа сигурно дека би можело и да на некој начин да ја загарантира иднината на ДУИ како политичка партија која ќе може да опстои без господинот Ахмети, но може и од друга страна да поттикне некаков разол помеѓу помеѓу различните фракции кои се внатре“, вели Селими. 

„Тоа ќе биде тежок процес. Тоа ќе биде процес кој нема да биде без свои политички предизвици и на почеток ќе има политичка цена, се разбира, бидејќи во моментов функционирањето на партијата во голема мера зависи од посветеноста на Ахмети. Меѓутоа, како и во сите политички партии, со тек на време ќе се етаблира повторно некакво ново раководство“, објаснува Арсовски. 

Смената на Ахмети, според аналитичарите, ќе влијае и на идните коалиции со македонските политички партии..