Привршува подготовката на новикот Изборен законик
Договорени 10тина нови одредби во Изборниот законик, но главните прашања остануваат отворени.
Финишира работата на меѓупартиската група која треба да ги обликува новите изборни правила, а како што информираше Министерството за правда на вчершаниот состанок присуствувале и претставници на Државната изборна комисија, антикорупциска и Агенцијата за медиуми кои дале и свои предлози.
Меѓу усогласените прашања се главно препораките на ОБСЕ и ОДИХР, кои се однесуваат до пристапот во избирачкиот список, регулација на вработувањата и огласите во изборниот период, изземање на одредени професии од избирачкиот процес, како и одредби кои треба да спречат регистирање на интернет портали пред стартот на изборниот процес со цел да добијат државни пари за партиско рекламирање.
Неофицијално, главните прашања како промена на изборниот модел со воведување една изборна едница, државното финансисрање на партиите и можноста дијаспората да биде вклучена во гласањето, се уште отворени без конкретен консензус помеѓу партиите.
Иако воведувањето на една изборна едниница е прифатливо за речиси сите партии, сепак договорот го кочат различните барања за изборен праг кој ДУИ бара да биде 5%, што за помалите политички партии е неприфатливо. Против една изборна единица е само партијата на Села која бара воведување на 8 изборни единици.
Новите изборни правила, работната група во Министерството за правда ги договра без пристутство на најголемата опозициска партија. СДСМ ја напушти работата на работната група за реформи во изборниот процес по укинувањето на техничката влада, а од партијата се уште нема став како ќе делуваат во Собранието кога ќе биде доставен предлог текстот
Најавите од министерството се дека рокот за доставување на Изборнито законик до пратениците е во следните две недели, односно до крајот на јуни.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
