Loading Video...
Свет
27. May 2026 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Најмалку 30 лица  загинаа а 40 се повредени во силните изралески воздушни напади низ јужен и источен Либан  во текот на вчерашниот ден сопшти либанското министерство за здравство. Од таму додаваат дека меѓу загинатите има деца. Израелската армија соопшти дека убила еден припданик на Хезболах и погодила објекти на милитантнтта група. Израелскиот премиер објави дека војската ги проширува воените дејствија против Хезболах и покрај формалното примирје.Продолжуваат и израелските напади врз  појасот Газа. ИЗарелската војска тврди дека го  убиле  убиле  новоназначениот воен командат на  Хамас во енклавата, Мохамед  Одех   неколку дена откако го убија неговиот претходник.  И покрај прекинот на огнот помегу Израел и Хамас договорен во октомври, , насилствоот во појасот Газа продолжува речиси секојдневно.

  • Бараме светот да го запре крвопролевањето, ова е неприфатливо. Ова се животи на луѓе, ова е одговорност на рамената на целиот свет, изјави Мохамед Иштеиви, палестинец.

Европската  Унија соопшти дека нејзините дипломати ќе останат во Киев , иако Моксва ги повика странските државјани и дипломатите да го напуштат  главниот град на Украина  пред најавите напади. Портпаролкаата на Еворпската комисија Анита Хипер изајви дека ЕУ продолжува со рбаота во Киев, оценувајки дека ваквите закани имаат за цел да создадат страв. Москва обајви дека  цел на нападите ќе бидат центрите за донесување  одлуки и објекти поврзани со украинскаат воена индустрија.  И ОН реагираат на рускиот план.

- Длабоко сум загрижен од неодамнешното соопштение на Руската Федерација за започнување конзистентни и систематски напади врз украинските одбранбени претпријатија во Киев - како и врз центрите за донесување одлуки и командните места .Сега повеќе од кога било, императив е да се избегне каква било ескалација на конфликтот кој веќе одзеде катастрофален број жртви врз цивилите и кој ризикува да го направи потрагата по мир уште подалечна, продолжувајќи го страдањето на луѓето.

Москва  се закани со напади во Киев,  откако  ја обвини Украина за напад врз студенскиот дом во украинскиот град Старобилск, која моментално е под конротла на Русија. Според руските власти загинале 21 лице. Украина пак соошти дека  цел на нападот бил локалниот штаб на специјлнаат руска единица за дронови.   

Западна  Европа се соочува со невообичаено ран и силен топлотен бран, кој донесе рекордни температури за мај во повеќе земји, здравствени предупредувања и неколку смртни случаи поврзани со жештините и обидите на граѓаните да се разладат во отоворени води.  Температурите во делови од Франција и Велика Британија достигнуваат речиси 40 степени Целзиусови. Температурите во Португалија и  Шпанија се искачија на 38 стеепни  и се очекува горештините да не попуштат до крајот на неделава, додека во Италија веќе е на сила забраната за работа на отворено. Топлотниот бран од Европа се спушта на Балканот.