Бизнис
26. May 2026 - 16:33

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена

За половина денар поскапуваат бензините од полноќ. Дизелот ќе се продaва по стара цена - 92 денари за литар. Иако изминататa недела цената на нафтата на светските берзи бележеше пад за околу 7 отсто, курсот на денарот во однос на доларот бил повисок,  па затоа корекцијата на цените е нагоре, стои во одлуката на Регулаторната Комисја за енергетика. Од министерството за енергетика информираат дека се уште се проговара со  ОКТА за евентуално нов попуст за горивата. Во меѓувреме, од денеска повторно брент нафтата се доближува кон 100 долари за барел, откако американските сили го нападна јужен Иран.  

Незивесноста за постигнување договор за крај на војната и отворањето на Ормутскиот Теснец, повторно е зголемена, иако американскиот државен секретар Рубио очекува теснецот да биде отворен наскоро

- Теснецот мора да биде отворен. Ќе биде на еден или друг начин. Мора да биде  отворен. Она што се случува таму е незаконско, нелегално, неодржливо за светот, неприфатливо. Не знам ниту една земја во светот што го прави тоа. Русите не се за наплата на патарини. Кинезите не сакаат да плаќаат за премин. И нема земја во светот што сака систем за наплата на патарини, освен режимот во Иран. Значи тоа е неприфатливо. Тоа не може да се случи. Теснецот мора да биде отворен. И очигледно, тоа треба да се случи веднаш, штом се согласат на тоа, изјави  Марко Рубио , американски државен секретар.

Смирување и пад на цената на нафтата ,штом заврши војната, вели дека ќе има и американскиот претстедател Трамп.

-  „Гансот ќе се намали. Штом ќе заврши војната, ќе падне како карпа. Има толку многу таму, насекаде е расфрлано, насекаде по светските океани. И ќе биде, ќе се намали. Но, она што нема да се случи е дека ако Иран има нуклеарно оружје и го употреби, тогаш целиот свет е поинакво место. Ќе мора да платиме малку повеќе за бензин. Бензинот, нафтата брзо ќе се намалат штом ќе заврши војната.“

Полека се топат и залихите на нафта. Според швајцарската инвестициска банка УБС во март и април залихте се намалени за 250 милиони барели, а до крајот на мај загубите можат да достигнат до 1 милијарда барели нафта.