Свет
9. May 2026 - 17:02

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети

Под засилени ебзбедносни мерки и скромна воена парадда Русија го одбележа 9 мај, Денот на победата. Традиционалното дефиле на тенкови, балистички ракети и оклопни возила на Црвениот плоштад изостана.

Парадата по повод 81-годишнината од победата над нацистичка Германија беше сведена исклучиво на воени единици и традиционално прелетување на борбени авиони а за првпат на Црвениот плоштад учествуваа и Севернокорејски трупи.

Во својот говор на парадата, Путин ги спореди настаните од Втората светска војна со настаните од денешниот конфликт во Украина и рече дека Русија ќе победи, како што СССР победи во Втората светска војна. Ги обвини западните сили и НАТО дека го вооружуваат Киев, нарекувајќи ги „агресивна сила“.

На овогодинешниот настан беше забележано присуство на значително помал број светски лидери во споредба со минатогодишната јубилејна 80-годишнина, кога во Москва беа присутни 27 државници, вклучувајќи ги и претседателите на Кина и Бразил.

Русија годинава не уаптила посебни покани до странските гости, но на прославата изразиле желба да присустуваат претседателите на Белорусија, Лаос, Казахстан, Узбехистан, кралот на Малезија. Единствен политичар од држава членка на НАТО и ЕУ беше словачкиот премиер Робер Фицо.

Кремљ одлучи годинава парадата да се одржи во помал формат поради заканите за напади упатени од уркаинкиот претседател. Но синока Трамп објави дека успеал да издејствува договор меѓу двете завојувани страни за примирје од 9 до 11 Мај.

Зеленски побара гаранции дека Русија ќе го почитува договорот, а во исто време издаде и декрет со кој и се дозволува на Русија да одржи воена парада, потег што Кремљ го оквалификува како „глупава шега“. Зеленски во мегувреме на социјалните мрежи објави честитка по повод Денот на Европа.

-Денес е Ден на Европа. И Украина го одбележува не формално или преку слогани, туку целосно свесни дека веќе сме неразделен дел од европското семејство. Ја браниме Украина, нашата независност, нашата иднина – и правејќи го тоа, ние во Украина ја браниме нашата Европа. Европа од која Украина беше и ќе остане дел. Од првите денови на целосната војна до денес, Европа застана на страната на Украина. И ова не е милосрдие – тоа е избор направен од Европејците: да застанат на истата страна со храбрите и силните – Украинците кои денес се борат за мир и вистинска заштита од тиранијата, не само за себе, туку и за целиот континент, напиша Зеленски на Фејсбук.

На 28 февруари 2022 година, непосредно откако беше нападната од Русија, Украина поднесе барање за членство во Европската унија. Според Европската комисија, преговорите за пристапување на Украина во блокот треба да почнат без одложување.