Муцунски: Нема услови за уставни измени
Уставни измени нема да има, ниту македонската влада е подготвена за менување на Уставот за да се вметнат на бугарите, дециден е шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. По пораките од Софија дека новата влада која треба да ја предводи Румен Радев, нема да ги менува позициите во надворешната политика, Муцунски порача дека Македонија е подготвена за разговори, но потребна е волја за дијалог и во Бугарија.
Во Бугарија пак Радев денеска го добива мандатот да ја формира новата бугарска влада. Составот е подготвен потврдија од владејачката партија, а според очекувањата на претседателката Јотова веќе утре треба да биде избрана новата бугарска влада.
Иако најавуваат цврсти позиции кон Македонија, Бугарија ќе биде соочена со имплементација на пресудите од ЕСЧП за македонското малцинство.
Советот на Европа наскоро очекува решение за пресудите.. Генсекот на Советот, Ален Берсе, кој е во прва официјална посета на земјава потврди дека има напредок во последната година.
Македонија ги почитува сите одлуки на судот колку и тие да се тешки вели шефот на македонската дипломатија. Но во однос на пресудите против Бугарија Муцунски очекува дека сите земји членки ќе си ги преземат своите обврски во согласност со Конвенцијата.Прашањето за пресудите против Бугарија наскоро ќе го дебатира и Комитетот на министри.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
