Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
7мо одделенец од Битола се заканувал по животот на своите соученици во ОУ Стив Наумов. Нов инцидент на врсничко насилство ја разбранува јавноста.Се работи за закана која ученикот ја упатил преку социјалните мрежи како што пријавуваат родителите. Во порака напишал дека ќе ги убие. Родителите реагираат дека овој ученик веќе подолг период ги малтретира соучениците. По реакција на родителите, училиштето одлучило ученикот извесен период да следи настава онлајн, но соучениците револтирани ја бојкотирале наставата.
- Стручно педагошката служба тврди дека се е под контрола. Дел од 7мо одделенците денеска не се на настава искажуваат револт и бараат решавање на проблемот. Се вели во пораката која ја споделиле на родителската група информирајќи за случајот.
Директорот на Основното училиште тврди дека заканите се упатени во вечерните часови а не за време на наставата и дека претходно немало никаков инцидент со насилство во училиштето. Сите други ученици денеска се на настава тврди директорот и вели веднаш ги преземале сите мерки за решавање на случајот.
Родителите реагирале и до МОН од каде велат дека за случајот веќе постапил Државниот просветен инспекторат и потврдија дека се известени сите други надлежни институции.
- Во врска со случајот во ОУ „Стив НАумов“ во Битола, ве известуваме дека е постапено од страна на Државниот просветен инспекторат, кој покрај преземените мерки од страна на училиштето, даде дополнителни задолженија за постапување, а воедно известени се и други надлежни институции-МВР и Центар за социјални работи.
За случајот со насилство во Ѓорче Петров родителите на учениците заработија кривични пријави а обвинителството побара мерки за претпазливост за 4те малолетнички кои крвнички малтретираа 13 годишно девојче. МОН донесе мерка за задолжителни дежурства на наставниците во училиштата. Во меѓувреме невладини организации и граѓани покренаа петиција за да се забранат социјални мрежи за деца до 12 односно ограничен пристап за оние до 16 години.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
