Македонија
7. May 2026 - 16:33

Демографската слика во Македонија загрижувачка – Владата со 20 годишна стратегија за иднината на државата

Населението во Македонија старее, а општините не се заинтересирани за отворање домови за стари лица. Само Кавадарци и Крива Паланка аплицирале на годишниот јавен повик од министерството за социјала. Од таму информираат дека проектите од Пробиштип и Кратово се во фаза на разгледување, а во Берово побарале проширување на капацитетот.

  • Имаше отворен повик и со програмата А и со унгарскиот кредит. Тука требаше да конкурираат и со детски градинки и со старски домови. Значи не е до нас до општините е до нивните барања, изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.

Од Фондот за население при ОН алармираат дека демографската слика е загрижувачка во повеќе држави од Источна Европа.

  • Не е чудо што ова го кажуваме овде во Источна Европа, затоа што во овој регион на Европа се наоѓаат 11 популации кои најбргу опаѓаат во светот, изјави Пио Смит - помошник генерален секретар и заменик извршен директор на програма при УНФПА.

Владата со нова 20 годишна стратегија за демографска отпорност 2026 – 2046 ќе се справува со овој сериозен предизвик.

  • Се обидуваме преку активн и мерки да придонесеме да се подобри демографската слика, изјави Христијан Мицкоски, Премиер

Демографската отпорност согласно потребите на луѓето е во фокусот и на регионална министерска конференција која се одржува во Скопје.