Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
Штетните последици од социјалните мрежи кај децата може да се избегнат доколку, како и во најдемократските земји како Франција, Австралија, но и делови од САД се забранат најактуелните апликации кои ги користат младите. Токму на тоа повикува и Весна Петрушевска, која преку онлајн иницијатива собира 10.000 потписи за да се намалат штетните последици од социјалните мрежи кои изминатиов период особено во Македонија ескалираа во вид на насислство. Потписите кога ќе ги собере, ќе ги достави до Собранието.
Најпрво вели е најважна свесноста кај родителите, а особено важна е улогата и на училиштата. Повика и на забрана за мобилни телефони кај учениците дури се на час.
Но изминатиов период, се покрена и граѓанска иницијатива „За безбедно детство“ која бара да се забранат социјалните мрежи за деца до 12 години во Македонија, а малолетниците до 16 години да имаат регулиран пристап до најчесто користените интернет апликации.
Министерството за дигитална трансформација, за ваквите иницијативи смета дека треба сериозно да се разгледаат во рамки на поширок јавен и институционален процес. Нивниот став е дека забраната сама по себе не може да биде единствено решение.
Министерството за дигитална трансформација заедно со МОН, поддржува модел за забрана или строго ограничување на користење мобилни телефони за време на наставата, со јасни исклучоци кога тие се користат за образовни цели. Целта е да се намалат дигиталните дистракции, да се подобри концентрацијата на учениците, да се спречи снимање и ширење инциденти и да се намали притисокот од социјалните мреќи во училипната средина, велат од министерството.
Отаму размислуваат и за воведување видео надзор во заедничките простории и училишните дворови, како превентивна безбедносна мерка. Ваквото решение мора да биде транспарентно кон учениците и родителите и согласно правилата за заштита на личните податоци.
-
Тамара Дичоскa
Сите содржини од овој новинар
