Мицкоски: Оваа година избори нема да има
Власта брза на предвремени избори, смета опозициската СДСМ по вчерашната изјава на премиерот дека наскоро партиите ќе излезат пред граѓаните а опозицијата ќе се соочи со маргинализација. Според СДСМ, власта е исплашена поради падот на Орбан, лошата економска политика и застојот на интегративниот процес па брза на избори за да го продолжи мандатот додека се уште може да добие поддршка од гласачите.
Знам дека има исплашени партии, но оваа година избори нема да има, се објасни денеска Премиерот.
Брзи избори не очекуваат ниту коалиционите партнери во Владата. Во ЗНАМ велат дека за тоа не разговарале со премиерот но дека се подготвени да се соочат со граѓаните. Сличен став и во ВРЕДИ со таа разлика што со нив не се согласува првиот човек во социјала кој памети и подобри односи со партијата која го предложи за министер
Во ДУИ предвремени избори се посакувана варијанта и нивно барање откако ја загубија власта, а подготвеност за избори на прес конференциите демонстрираше и лидерот на СДСМ Филипче.
Со најавената владина реконструкција ова лето, шансите за предвремени избори до крајот на годинава се сведени на минимум. Повеќе извори брифираат дека предвремени избори најрано би можеле да се одржат на пролет идната година.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
