Македонија
25. April 2026 - 18:21

Неопходно е формирање на туристичка полиција

За да се спречи странските туристички водичи да ја искривуваат македонската историја неопходни се построги мерки и формирање на туристичка полиција. Министерот за култура и туризам Љутков најави дека предвидено е  туристичката инспекција да има поголеми овластувања додавајќи дека тим од експерти работат на оваа проблематика.

Првото искуство со дестинацијата го прави во 75 проценти туристичкиот водич.

Туристичките есперти сметаат дека водичите кои раскажуваат друга историја за нашата земја не само што негативно влијаат врз работата на домашните лиценцирани туристички водичи, туку има последици и врз квалитетот на понудата.

Европските земји, генерално, не дозволуваат вакви појави во својот туристички сектор со што се обезбедува заштита на историското, националното и на културното наследство.