Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи подолго време не доаѓа на работа, ниту се појавува на владините седници, тврди неговиот колега Азир Алиу во изјава за 360 степени. Министерот за здравство не открива многу детали, но вели дека тој не е ниту во државата, а отсуството не е од здравствени причини. Постоеле несогласувања со Фетаи во однос на политиките на ВЛЕН и Владата, но оти тие биле решени во рамките на коалицијата.
Од влада не сакаат да ги коментираат изјавите на Алиу, но велат институцијата функционира непречено.
-Како влада нема да навлегуваме во изнесени ставови на поединци, како колективно тело владата функционира непречено и во полн капацитет. Во однос на прашањата кои се однесуваат на работниот ангажман ве упатуваме директно да ги адресирате до Арбен Фетаи, велат од влада.
Фетаи подолго време не се појавува ниту во јавност, Се обидовме да стапиме во контакт, но ниту одговараше на повиците ниту на пораките за да ги потврди или негира кажувањата на Алиу. Подолго време кружат информации во јавноста дека токму Фетаи може да биде еден од функционерите на Вреди кој ќе го опфати владината реконструкција, најавена за следниот месец.
Иако го напушти Таравари и одлучи да остане во влада, сепак односите и во ВЛЕН не се идеални, особено во битката кој да застане на чело на ВРЕДИ како политичка партија.
Фетаи не се појави ниту на денешната владина седница , ниту на средбата на премиерот Мицкоски со партнерите од ВРЕДИ за законот за високото образование.
Кој ќе го помине тестот на владината реконструкција, конечната одлука ќе ја носи премиерот.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
