Македонија
18. April 2026 - 16:40

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски

Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за актуелниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски. Со потписи од сите нивни пратеници го обвинуваат за бројни коруптивни скандали и штетни политики кои го довеле секторот до колапс. Поранешниот министер за земјоделие, сега пратеник, Љупчо Николовски вели дека од кога Трипуновски е на функција, земјоделците немаат доволно поддршка, мерките за подршка се укинуваат, намалени се субвенциите, а се вршат и притисоци. 

Трипуновски ја отфрла како нелигитимна и безначајна поднесената интерпелација. На сооцијалните мрежи му врати на неговиот претходник дека поднесената интерпелација е нелегитимна колку што е тој нелегитимен во СДСМ, а рејтингот на опозицискта партија паѓа толку ниско што го пробива дното. 

Политички непостоиш, а партија во која си само обичен инвентар, полека ја снемува. Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно! Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДС. Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер! Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на ДУРИ 30 килограми путер. 

Освен утврдување на политичка одговорност, СДСМ најавува дека ќе бара и кривична одговорност за актуелниот министер.