Loading Video...
Свет
5. јуни 2024 - 20:10

Преглед на вестите од светот

Хамас нема да прифати никаков договор со Израел за појасот Газа, во кој Израел  јасно  не се обврзе на траен прекин на огнот и целосно  повлекување од енклавата. Високиот функционер на палестинската милитантна група Осама Хамдан вели дека Тел Авив поднел приговор на американскиот  план за примирје, отфрлајќи ги трајниот прекин на огнот и сеопфатното повлекување од Газа. Сакаат само фаза од планот кога ќе  земат израелските заложници а потоа ќа продолжат со  агресијата  против нашиот народ обвини Хамдан.

-Тоа не е во согласност со она што претседателот на САД го зборуваше во својот говор во врска со трајниот прекин на огнот и израелско сеопфатно повлекување. Позитивно реагиравме кога Бајден зборуваше за тоа. 

Белата куќа соопшти дека со изарелската страна продолжува да работи на постигнување договор..Израелската армија пка инфорраше дека од утрово напаѓа цели ан Хамас во цнетралниот дел на Газа.  Борбите во Газа продолжуваат и денеска со несмален интензитет. Во мегувреме Словенија стана 147-та земја во светот што  ја призна палестинската државност. Ние веруваме дека само решението со две држави трајно може да доведе до мир на Блискиот Исток“Словенија ќе продолжи да работи неуморно за да обезбеди безбедност за двете нации, Палестинците и Израелците истакна шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон.

Неколку лица се водат како исчезнати во поплавите на југот на Германија а меѓу нив е и пожарникар, кој помагал при извлекување заробени во поплавени објекти. .Досега во поплавите предизвикани  од обилните врнежи загинаа пет лица. Ситуацијата е особено лоша во Баварија покрај Дунав каде нивото на водата сеуште е многу високо а германската метеоролошка служба обајви дека денска и утре се очекуваат нови врнежи  и невреме на југот на Германија.

Три лица со огнено оружје утрово пукале кон влезот на  американската амбасада во Либан  при што е повреден припадник на обезбедувањето. Либанската армија возвратила со оган кон напаѓачите, при што еден  од нив е убиен, друг е ранет а третиот напаѓач избегал. Во тек е потера по него. Повредениот напаѓач, кој е од сириска националност е пренесен во болница. Засега не се познати мотивите за нападот. Амбасадата на САД во Либан се наоѓа во близина на Бејрут  во високо обезбедена зона со повеќе контролни пунктови долж рутата до влезот на објектот.