Прва координација кај Гаши - партиите без договор за формирање на собраниските тела
Без конкретен договор за измените на законот за реструктуирање на одредени министерства завшри првата коодринација кај спикерот Гаши.
Политичките партии денеска не успееа да се усогласат најпрво за формирање на законодавно-правната и комисијата за политички систем.
Од власта најавуваат дека законското решение ќе го достават до крајот на неделата и очекуваат поддршка и од опозициските партии со оглед дека за носење на законот е потребно дво третинско мнозинство.
Опозициската СДСМ пак прво го чека текстот на законот, па потоа ќе завземе став дали ќе го поддржи. На иста линија е и опозициската Европски фронт од каде остануваат на ставот дека и овој закон само се служи за во владата да влезат нелегитимни претставници на Албанците.
Партиите од власта потврдуваат дека целта е измените на законот за организација на работата на органите на државна самоуправа да се донесат пред да завршат роковите за формирање на новата влада кои почнуваат да течат откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе го добие мандатот.
Од кабинетот на Силјановска Давкова потврдуваат дека тоа ќе се случи до крајот на неделава.
Мицкоски ќе има рок од 20 дена до Собранието да ги достави составот и програмата за работа на владиниот кабинет.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
